Според експертите од Светската банка Македонија и натаму е со најдобар економски раст во споредба со сите земји од овој регион. Банката предвидува дека годинава во Македонија растот ќе биде 3,5 отсто, а наредната 3,8 отсто.
За Хрватска прогнозите за растот се 0,5 отсто оваа и 1,2 проценти во 2016 година, БДП на Црна Гора, според проекциите на банката, ќе порасне за 3,4 проценти во 2015 и за 2,9 отсто во 2016 година, на БиХ за 1,5 отсто оваа и 2,5 отсто во идната година, а на Албанија три отсто во тековната и четири проценти во наредната година.
Најлоши се прогнозите за Србија. Имено нашиот северен сосед, според Светска банка, годинава ќе има економски пад од 0,5 отсто годинава и минимален раст од 0,5 проценти следната година.