Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст од земјите на Западен Балкан.
Според СБ, Македонија ќе ја заврши годинава со раст од само 1,8 наместо проектираните 2,5% пролетта годинава.
Светската банка очекува економскиот раст за следната година да биде на ниво од 2,7 отсто, со услови да се реализираат капиталните инвестиции на државата, да продолжи потрошувачката на домаќинствата, но и доколку се подобри извозот на државата.
Оваа меѓународна финансиска институција предвидува дека инфлацијата во следната година ќе биде на ниво од три отсто, во долгорочен просек 2 отсто. Сепак економистите предупредуваат дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, спопред нив тоа се – ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка, надополнети со ограничен фискален простор и зголемени фискални ризици во услови на високи каматни стапки кои претставуваат опасност за економскиот раст.
Во однос на јавниот долг, банкарите само ја потврдија загрижувачката состојба – тој веќе достигна 62% од БДПто, а тое според нив е одраз на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Од Светска банка велат дека фискалниот дефицит и јавниот долг остануваат зголемени на среден рок поради повисоките задолжителни трошења и зголемување на фискалните ризици поврзани со заостанатите долгови, пензиите и финансиските трошоци пред локалните избори.
Заедничкиот економски раст во земјите од Западен Балкан, пак, се очекува да достигне 3,7%, но регионот мора да усвои структурни реформи вклучувајќи ги и тие во Планост за раст на ЕУ.