Двата големи земјотреса на 6 февруари и оние што следуваа по нив, само во Турција направија штета од 34 милијарди долари, процени Светската банка.
Светска банка наведе дека во проценката не се земени во предвид трошоците на реконструкција кои веројатно се двојно поголеми. Исто така не се зема во предвид ниту штетата во северниот дел на Сирија кој, исто така, беше погоден од земјотресите.
„Таа катастрофа нè потсетува дека Турција се наоѓа во подрачје на висока сеизмичка активност и оти е неопходно да се засили отпорноста и на приватната и на јавната инфраструктура. Светска банка е посветена на поддршка на турските напори во тој правец“, се наведува во соопштението на финансиската институција.
Според податоци на туркаста Агенција за управување со катастрофи, по 6 февруари биле регистрирани околу 10.000 афтершокови. Бројот на жртви од потресите во Турција и во Сирија надмина 48.000.