Две крави ја објаснуваат светската економија подобро од кој било професор на светов.
„Имаш две крави“ е форма на политичка сатира со која судбината на кравите се користи за да се покаже како функционираат одредени политички системи.
Станува збор за едноставен и лесен начин со кој се објаснети сложени идеи, оживеани преку духовити илустрации. Останува на Вас да одлучите колку се точни…
1. Комунизам
- Имаш две крави.
Државата ти ги зема двете и ти дава малку млеко.
2. Фашизам
- Имаш две крави.
Државата ти ги зема двете и ти го продава млекото.
3. Индиска корпорација
- Имаш две крави.
Ги обожаваш.
4. Италијанска корпорација
- Имаш две крави, но поим немаш каде се.
Одлучуваш да одиш на ручек.
5. Американска корпорација
- Имаш две крави.
Едната ја продаваш, а другата ја форсираш да дава млеко како за четири крави.
Подоцна, најмуваш консултант да открие зошто кравата умрела.
6. Британска корпорација
- Имаш две крави.
Двете се луди.
7. Кинеска корпорација
- Имаш две крави.
Имаш 300 луѓе за да ги молзат.
Тврдиш дека имаш целосна вработеност и висока продуктивност на говедата.
Го апсиш новинарот кој ја објавил реалната состојба.
8. Иранска корпорација
- Сите мислат дека имаш многу крави.
Ти им кажуваш дека немаш ниедна.
Никој не ти верува, те бомбардира и ти ја напаѓа државата.
Се’ уште немаш ниедна крава, но барем сега живееш во демократија.
9. Традиционален капитализам
- Имаш две крави.
Ја продаваш едната и купуваш бик.
Твоето стадо се зголемува и економијата расте.
Ги продаваш и се пензионираш со голем профит.
10. Швајцарска корпорација
- Имаш 5.000 крави.
Ниедна од нив не ти припаѓа тебе.
Им наплаќаш на сопствениците што ги чуваат.
11. Бирократизам
- Имаш две крави.
Државата ти ги зема двете, едната ја убива, другата ја молзи и го фрла млекото.
12. Грчка корпорација
- Имаш две крави позајмени преку Француска и Германска банка.
Двете ги јадеш.
Банката се јавува да си го земе млекото, но ти не си можност да го доставиш, па се јавуваш во Меѓународен монетарен фонд.
ММФ ти дава две крави на кредит.
Двете ги јадеш.
Банката и ММФ те бараат за да си ги соберат кравите/млекото.
Ти си надвор на потстрижување.
13. Капитализам
- Имаш две крави.
Продаваш три од нив во својата јавно регистрирана компанија, со користење на акредитиви отворени од твојот зет во банката, а потоа извршувате размена на акциите преку општа понуда за да ги добиете сите четири крави назад, преку даночно ослободување како за пет крави.
Правата на млекото од шестте крави се пренесува преку посредник на компанијата, во компанија на Кајманските острови, која е во тајна сопственост на акционер кој ги продава правата на сите седум крави назад во вашата компанија.
Годишниот извештај кажува дека компанијата поседува осум крави, со опција за уште една.
14. Француска корпорација
- Имаш две крави.
Штрајкуваш, организираш протест и ги блокираш улиците бидејќи сакаш да имаш три крави.
15. Ирска корпорација
- Имаш две крави.
Едната од нив е коњ.
- 16. Социјализам
- Имаш две крави.
Едната му ја даваш на соседот.
17. Австралиска корпорација
- Имаш две крави.
Бизнисот изгледа прилично добро.
Ја затвораш канцеларијата и одиш на неколку пива за да прославиш.