Светската побарувачка на нафта е намалена за 20 до 30 милиони барели дневно

Падот на светската побарувачка на нафта во екот на епидемијата на коронавирусот изнесува 20 до 30 милиони барели дневно, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.

– Сведоци сме на ситуација без преседан, поради која две третини од светското население е во режим на самоизолација и владите на сите држави воведуваат досега невидени мерки за борба против ширењето на Ковид-19, поради што дојде до намалување на побарувачката – рече Новак.

Тој додаде дека светот моментално е во најактивната фаза на пад на побарувачката на нафта.