Светските берзи пораснаа, инфлацијата во САД попушта

На светските берзи цените на акциите пораснаа минатата седмица бидејќи инфлацијата во САД се намалува, па се очекува наскоро американската централна банка да започне со намалување на каматните стапки што треба да го поддржи растот на економијата.

На Волстрит минатата седмица индексот Dow Jones зајакна 1,6 отсто, на 40.000 поени, додека S&P 500 порасна за 0,9 отсто, на 5.615 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,25 отсто, на 18.398 поени.

Сите три индекса достигнаа нови рекордни нивоа во текот на седмицата. Истовремено, S&P 500 и Nasdaq индексите постигнаа рекорди на почетокот на седмицата, благодарение на растот на технолошкиот сектор, но на крајот на тргувањето во петокот овие индекси загубија дел од своите добивки, додека Dow Jones достигна рекорд ниво.

Инвеститорите беа фокусирани на новите податоци за инфлацијата во САД. Во јуни, потрошувачките цени паднаа за 0,1 отсто на месечно ниво, додека годишната инфлација се лизна на 3 отсто, што е најниско ниво во повеќе од три години. Благодарение на ова, зајакнаа шпекулациите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки веќе во септември.

Поради ова, во вториот дел од седмицата паднаа цените на акциите на технолошките компании, па S&P 500 и Nasdaq индексот се лизнаа од рекордно ниво. Од друга страна, пак, цените на акциите пораснаа во другите сектори, кои би можеле повеќе да имаат полза од намалувањето на каматните стапки.

Како резултат на тоа, индексот Dow Jones во петокот достигна рекордно ниво, додека индексот Russell 2000, кој ги вклучува акциите на малите компании и кој во однос на растот оваа година е значително зад клучните американски берзански индекси, скокна за 3,6 отсто до својето највисоко ниво во четврток во повеќе од три месеца.

Во петокот започна сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на компаниите и банките. Во анкетата на Reuters, аналитичарите проценуваат дека во вториот квартал приходите на компаниите од индексот S&P 500 се зголемиле за 9,6 отсто на годишна основа.

И на европските берзи цените на акциите пораснаа минатата седмица. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,6 отсто, на 8.252 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,5 отсто, на 18.748 поени, а париски CAC за 0,6 отсто, на 7.724 поени.

На европските берзи се тргуваше внимателно во услови на политичка неизвесност во Франција по предвремените парламентарни избори минатата недела. Со оглед на тоа што ниту еден од трите блока – левата коалиција, центристите и десниот блок – не доби апсолутно мнозинство, напорите за формирање на нова влада ќе се фокусираат на потрага по потенцијални сојузи и добивање поединечни пратеници од други групи.