Светските корпорации отсега ќе мораат да плаќаат данок во 130 земји

Како тоа Фејсбук, Гугл и Епл прават милиони во цел свет, а плаќаат данок само во земјата откајшто се? Не повеќе. Со новиот план кој веќе го поддржаа 130 земји, тие во иднина ќе мораат да „го плаќаат својот фер удел“ во секоја земја кај што се распространети, и тоа барем 15 отсто во вид на данок на добивка за „големи фирми“, пренесува БиБиСи.

Планот кој беше наречен „историски“ е да се контролираа „разулавените“ корпорации ги ставаат во нефер положба сите други помали бизниси во светот, а битката ова да се смени се чини конечно е добиена на Г7 самитот во Лондон годинава.

Ако се оди по планот, земјите во светот ќе прават над 150 милијарди долари од оваа такса. Колку ќе прави Македонија и колку ова ќе ги заштити нашите домашни бизниси? Меѓународниот договор ќе биде финализиран во октомври годинава, а можно е да се воведат исклучоци за некои индустрии, објаснуваат од ОЕЦД.

Ирска, Унгарија и Естонија сакаат ниски даноци

Но, три земји од светот нема да учествуваат во овој даночен план. Ирска, Унгарија и Естонија се решени со своите ниски даноци да привлечат што повеќе инвеститори и не би сакале да воведуваат никаков дополнителен данок за големи фирми, соопшти ОЕЦД.

– Ирска ја изрази нашата широка поддршка … но истакнувајќи ја нашата резерва во врска со предлогот за глобална минимална ефективна даночна стапка од“ најмалку 15% – рече владата во соопштението.

Светот е во „мртва трка“ на ниски даноци

Договорот на некој начин најмногу ја засега САД, затоа што повеќето од корпорациите се американски. Долги години таму се одеше на „ниски даноци“, а цел свет го следеше тој пример на неолиберална економија.

– Со децении, САД учествуваа во самоуништувачки меѓународен даночен натпревар, намалувајќи ги нашите даночни стапки, само за да гледаме како другите нации ги намалуваат нивните како одговор. Резултатот беше глобална трка до дното: Кој би можел да ја намали нивната корпоративна стапка понатаму и побрзо? – вели Џенет Јелен, американската министерка за економија.

Таа рече дека „ниедна нација“ не ја добила трката. Затоа. Новата администрација на Бајден се залагала тоа да се смени. Данокот на корпорациите во САД да се зголеми од 21 на 28 отсто, но исто така и во целиот свет. Бајден, всушност, го иницирал потпишувањето на „историскиот“ меѓународен договор. Веста била поздравена од многу министри за финансии, особено идејата корпорацијата да добие дополнителна сметка доколки нејзината подружница плати помалку од минималната сума, или го затаи данокот.

Помалку за корпорациите, повеќе за градење патишта 

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Маир го опиша планот како „најважниот меѓународен даночен договор постигнат од еден век“ за време на прес-конференција, а неговиот германски колега го нарече „колосален напредок“ кој ќе им овозможи на земјите да вложуваат во „важните приоритети“ како што се инфраструктурата и борбата со климатските промени.

– Постигнавме историски договор со кој најголемите мултинационални технолошки гиганти ќе плаќаат вистински данок во вистинските земји – рече Риши Сунак, англискиот канцелар кој го води сефот на Кралицата и економијата на Велика Британија.