Светските лидери се простуваат од кралицата Елизабета II

Бројни светски лидери со тага и болка ја примија веста за смртта на британската кралица Елизабета II.

„Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора го отелотвори континуитетот и единството на британската нација повеќе од 70 години. Ја паметам како пријателка на Франција, љубезна кралица која остави траен впечаток на својата земја и нејзиниот век“, рече Макрон, францускиот претседател.

Се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Со длабока тага дознавме за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа непоправлива загуба. Нашите мисли и молитвите се со вас“.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заблагодари на „необичниот живот на покојната кралица“.

„За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ.

„Нашите мисли се со кралското семејство и со сите оние кои ја оплакуваат кралицата Елизабета Втора во Обединетото Кралство и ширум светот. Некогаш наречена Елизабета Упорна, со својата служба и посветеност таа секогаш ни ја покажувала важноста на трајните вредности во модерен свет“, рече Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

„Со тешко срце ја примивме веста за смртта на најдолготрајниот канадски суверен, Нејзиното Височество кралицата Елизабета Втора. Таа беше постојано присутна во нашите животи – и нејзината служба за Канаѓаните засекогаш ќе остане важен дел од историјата на нашата земја“, рече канадскиот премиер Џастин Трудо.

Од вечерва бројни Британци и туристи се собраа пред Бакингамската палата во Лондон , каде положуваат цвеќе во чест на починатата кралица.

Знамето на палатата е спуштено на половина копје, во знак на почит, а денеска за прв пат не се одржа ниту церемонијата на смената на кралската гарда пред Бакингамската Палата