Македонските кикбоксери Ненад Манојловски, Димитар Ѓорѓиев и Стефани Тодоровска, постигнаа извонредни резултати освојувајќи два златни и еден бронзен медал во конкуренција на 669 натпреварувачи од 52 земји.
За овој голем успех, светските шампиони Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски се стекнуваат со стипендии од меѓународна категорија и во следните две години ќе добиваат надоместок од државата во висина од една просечна плата.
На нашите медалисти, но и на сите спортисти сакам да им порачам да продолжат да редат успеси и да ја претставуваат Македонија во најдобро светло на меѓународен план, а АМС ќе го следи секој нивни успех и ќе го вреднува секој нивни резултат, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.