![al hariri](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/al-hariri.jpg?resize=650%2C366&ssl=1)
Светските сили ќе се обидат да ја поддржат стабилноста на Либан во петок со вршење на притисок врз Саудиска Арабија и на Иран да престаната да се мешаат во либанската политика и со повик до либанското шиитско движење Хезболах да ги запре своите регионални активности.
Либан на 4-ти ноември потона во криза кога премиерот Сад ал-Харири поднесе оставка на должноста, додека престојуваше во сунитска Саудиска Арабија, изјавувајќи дека стравува за својот живот од атентат и критикувајќи ги шиитски Иран и неговиот либански сојузник Хезболах.
По меѓународниот притисок и преговорите меѓу либанските политички фракции, ал-Харири ја повлече својата оставка и во вторникот, и неговата коалициска влада, во којашто е вклучен и Хезболах, ја потврди државната политика на држење настрана од судирите во арапските држави.
Меѓународната група за поддршка на Либан (GIS), тело коешто ги вклучува петте членки на Советот за безбедност при ОН: Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД, во петокот се среќаваат во Париз за да се обидат да го поддржат ал-Харири за да се избегне нова ескалација.
„Важно е сите либански страни и регионални актери да го почитуваат принципот на немешање за Либан да биде заштитен од регионалните кризи“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на состанокот, на кој исто така,присуствуваа ал-Харири и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.