Свежата храна е особено важна за доброто психичко здравје!

Доколку ви се појави чувство на вознемиреност, страв без некоја посебна причина, страв од иднината, нејасен страв, тогаш тоа е Анксиозност. Често се јавува со депресијата. Околу 30 отсто од популацијата барем еднаш се сретнала со чувството на анксиозност. Кај жените многу почесто се појавува отколку кај мажите.

Симптоми кои може да се појават се главоболка, несоница, умор, дигестивни проблеми, прекумерно потење, забрзано дишење и мускулна напнатост.

Научниците сметаат дека со правилна и избалансирана исхрана, во телото внесуваме хранливи материи кои можат да влијаат на расположението и да ни помогнат да се решиме од депресијата и анксиозноста. Тие сметаат дека депресијата е тесно поврзана со храната и состојбата на цревната флора.

Исхраната која вклучува разновиден зеленчук и овошје, и во многу мали количини месо од животинско потекло помага и ги ублажува симптомите на депресија, анксиозност и замор. Но, на организмот му се потребни и растителни влакна, кои влијаат позитивно на цревната микрофлора и го подобруваат варењето на храната.

Кај депресијата и анксиозноста помага доста и вежбањето, што го поттикнува излачувањето на хормонот на среќата серотонин.

Намалено лачење на серотонин е еден од главните причини за сезонска депресија и несоница. За производство на тој хормон во мозокот, потребно е да се внесува доволна количина јаглехидрати, како и аминокиселината триптофан која директно влијае во создавањето на серотонинот.

Нашето тело е подложно на влијанието на слободните радикали, а особено најчувствителен е мозокот. Ефектот на слободните радикали не може да се спречи, но со помош на здравата исхрана, значително може да се намали, особено со конзумирање на антиоксидантите како што се витамин Ц, Витамин Е, Бета каротен, витамин А, и Омега 3 масните киселини.

Лицата кои се подложни на алкохол, или конзумираат алкохол во поголеми количини, лицата кои јадат многу слатко и многу солено, оние кои пијат газирани пијалоци, јадат брза храна имаат поголем ризик да станат депресивни.

Особено треба да се внимава со конзумацијата на кофеинот, тој е јак стимуланс и може да предизвика вознемиреност и тахикардија доколку се пие во големи количини.

Кога телото е здраво и одморно и нашиот мозок е одморен, што значи дека е особено важно да имаме добар и кавлитетен сон.

Добар сон, насмевка на лице и добра и здрава исхрана се само некои од факторите кои влијаат врз квалитетот на нашиот живот.

Автор: Сертифициран нутриционист Марија Лазиќ за НетПрес

e-mail: [email protected]