Кратка но поројна бура со ветрови од над 80 км/ч претпладнево го зафати Скопје и предизвика бројни штети врз јавниот и приватниот имот и зеленило.
До Градот Скопје пријавени се 30-ина паднати дрвја врз улици и тротоари, бандери и електрични кабли, а некои од нив и врз причиниле и позначајна штета врз автомобили и друг приватен имот.
Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време.
Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување ба булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден.
Град Скопје ги повикува граѓаните на трпение и на помош на јавните претпријатија за отстранување на проблемите во градот.