![GoranSvilanovic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/GoranSvilanovic.jpg?resize=670%2C445&ssl=1)
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ рече дека на Западен Балкан за 5 години се укинати 800.000 работни места. Според негова оценка, тој факт претставува закана за стабилноста.
Свилановиќ на завршниот ден на Белградскиот безбедносен форум рече дека Србија и другите земји од регионот на патот кон ЕУ, според богатството, слободата на медиумите и другите слободи, мора да се изедначат со ЕУ.