Плажата Пунта криж во Хрватска, која беше најпозната дестинација за свингери на Балканот годинава речиси и нема посетители, пишува „Дневник.хр“.
Борбата против имиџот на секс дестинација, градот Ровињ и Туристичката асоцијација ја водат веќе неколку години. Контролите на оваа мала скриена плажа се зголемени, па годинава нема ни една пријава за „непристојно“ однесување.
Пунта криж со години важеше за место каде туристи од целиот свет уживаа во голотијата, менувањето на секс партнерите, скриени од очите на јавноста. Угостителите велат дека свингерите биле одлични потрошувачи, а сега, по забраната од градските власти, никој веќе не доаѓа.
Ни граѓанитите на Ровињ немаа ништо против голите туристи. За нив секој гостин е добар гостин.
Сепак, надлежните решија да го уништат овој имиџ на Ровињ, па денес нема ништо од најпознатата блудна плажа.