![свлечиште](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/svleciste.png?resize=540%2C300&ssl=1)
На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај селото Страцин има свлечиште и е зафатена една лента од патот.
Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот.
Авто мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација.