Почитувани дијабетичари, граѓани, претставници на медиумите,
Денеска како Сојуз на Здруженија на дијабетичари го изразуваме нашиот голем револт и гнев, но и став дека е недозволиво ОСУМ месеци да нема(в)ме инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер. Тука сме да го изразиме нашиот револт и што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја НЕМА ?!
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7 460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес во нашата држава е 135 690.
Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под стериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Доколку тука ги додадеме и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во нашата држава се соочува со последиците од дијабетесот.
Наместо државата да ни помогне и да ни го олесни секојдневното живеење, ние сме соочени и доведени во ситуација да не знаеме дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудиме следното утро и ќе ги видиме нашите деца, родители, баби и дедовци.
Доведени сме во ситуација на дополнителен стрес којшто влијае врз нашата и така влошена здравствена состојба. Зошто? Поради тоа што постојано помегу две тендерски постаки сме оставени без доволни количини на потребни инсулини или таблети, незамисливо и недозволиво 8 месеци немаме апаратчиња и ленти за мерење на шеќерот во крвта.
Од вкупно 12 месеци во една година 8 месеци сме оставени самите на себе, да се снаоѓаме како знаеме и умееме за да преживееме, за замислете за сето тоа време имаме здравствено осигурување.
136 илјади граѓани во оваа држава немаат финансиски средства самите да си ги обезбедат потребните медицински помагала или потребната терапија за справување со нашата дијагноза – дијабетесот. Знаете како се снаоѓаме? Во 21-виот век, ние пациенти меѓу себе си разменуваме од терапијата, од иглите, од лентите и од апаратчиња за шеќер.
Недозволиво е во оваа држава пациентите со дијабетес да бидат оставени точно 8 месеци без ленти, игли и апарати за следење на шеќерот во крвта.
Недозволиво е кога државата секојдневно се расфрла со непродуктивни трошоци, пациентите со дијабетес буквално да молат за лек и помагала којшто треба регуларно да им следуваат.
Наместо да им олесниме на децата и да не ги боцкаме по 10 пати во денот, наместо да им овозможиме убаво детство, тие секојдневно се мачат. Каде се СЕНЗОРИТЕ? Заглавени повторно во „трач муабет на пациентите“ „кај плачковците пациенти и родители“ или во Ваши некакви правни лавиринти!
Ние знаеме колкава е болката кога нашите деца плачат за лек, за сензори, за ленти за мерење на шеќерот, а ние немаме финансии да им го обезбедиме тоа! Но, дали и тие, одговорните за овој плач и болка, знаат колку боли и дали се свесни за болката што ни ја предизвикуваат?!
Зарем како систем сме толку незрели и не можеме да научиме од сопствените грешки и истите да не ги повторуваме на секои две години. Ако не сме кадарни да научиме тогаш ајде да немаме тендери, дајте ни можност за слободен пристап до нашата потребна терапија и потребните помагала.
Постојаниот недостаток на терапија и помагала значи игнорантен однос на јавното здравство и институциите кон 136 илјади граѓани, значи непостоење грижа од оној кој е платен и задолжен за тоа да се грижи. Отворено прашуваме, дали ова значи дека нашите животи и нашето здравје не вредат ништо во оваа држава.
Секоја година апелираме, јавно молиме, притискаме да добиеме терапија и помагала за да можеме нормално да функционираме со нашите секојдневните животни активности.
Неодговорно е пациентите да страдаат поради тендерски процедури. Тоа е недозволиво од страна на државата!
Неодговорно е во инсулинските аптеки постојано да ни се вели : „Дојди утре, дојди за два дена, дојди следната недела“, “ти следуваат пет пенкала ама ќе ти дадеме 3, другите две наредниот месец ако има”, “крај на тендер е немаме од тој инсулин оди кај докторот да ти ја смени листата на тоа и тоа (тоа што се нашло во аптека)” и т.н.
Не само неодговорно, суров е ваквиот однос кон пациентите со дијабетес!
Кога станува збор за здравје и за живот, политика не смее да има! Државата мора да го стави здравјето на секоја индивидуа на врвот на приоритетите. Не може тоа да биде последно на листата, а потоа одговорните да се фалат колку многу вложиле за дијабетичарите во здравствениот сектор! За жал и тоа во што сте вложиле не го реализирате до крај така како што треба за да имаме ние пациентите бенефит од тоа.
Ако на нешто сме особено горди тоа е што како СОЈУЗ е, но и како пациенти имаме континуирана поддршка од граѓаните, но и од медиумите за подобрување на нашата состојба.
Медиумите се тие кои што од самиот почеток нѐ поддржуваат и заедно со нас се борат редовно да ја добиваме терапијата без никаков застој.
Почитувани, Ви благодариме за сета поддршка и несебично вложување, за сите објавени наши апели, изјави, соопштенија, прес-конференции.
Денес (10.08.2023г.) после, средбата со Министерот за здравство и неговиот кабинет, заедно, на 21 јули 2023 година со Претседателот на Националната комисија за дијабетес и Директорот на Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, на која Баравме а не преговаравме, на која Инсистиравме а не договоравме, ВИЕ како МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И ПИСМЕНО ни ветивте:
– АНТИДИАЈБЕТНА ТЕРАПИЈА за сите ќе биде достапна од 27 јули 2023 год.
– Ленти и Глукомери за сите ќе биде достапно за 10 дена, а затоа што знаевме и бевме убедени дека НЕМА да ги добиеме дадовме уште 10 дена!
ü ДЕНЕС НЕМА ЛЕНТИ И ГЛУКОМЕРИ! Договорниот економски оператор „Др. Пановски“ кажува едни информации, Вие како МЗ други информации, во договорот стојат најлошите рокови за сите нас!
ü ДЕНЕС ИМА ПАРЦИЈАЛНА АНТИДИЈАБЕТНА ТЕРАПИЈА само за дел од постојните пациенти, пред да се потпишат новите договори од новите тендери!
Една држава е здрава и силна само доколку инвестира во јавниот здравствен сектор и истиот го одржува во кондиција, редовно и навремено да има терапија и третман за секого!
Нашата крајна цел е токму тоа, континуирано обезбедување на современа инсулинска и друга антидијабетична и таблетарна терапија и помагала за мерење на шеќер за сите пациенти во секое време!
Ќе бидеме сѐ погласни и нема да се откажеме! Ние немаме друга опција освен да Ве потсетуваме дека сме тука, дека не можеме да имаме разбирање за секој Ваш административен проблем и да Ви кажеме дека како граѓани на оваа држава Ве бираме Вас политичарите да ни го обезбедтите она што ни следува, во количина и во време кога имаме реална потреба од тоа.
Нас, од сега ќе не среќавате по правните процедури, можеби државата нема многу правда но ПАЦИЕНТИТЕ – Лица со Дијабетес на инсулин, битката ја пренесува со поведување на правна постпака за сите овие 9 месеци, во која ќе бараме Одговорност, Обештетување и сериозна промена на цел „дефектен систем“, нема да Ви допуштиме и понатаму со лажни “ветувања” и “информации” да купувате време кое за нас е скапоцено. На крај би сакале да Ве потсетиме дека сите ние сме даночни обврзници и плаќачи на придонеси за задолжително социјално осигурување, средства од кои Вие како администрација која треба да биде во служба на граѓаните ги земате Вашите плати.
Јавно протестно писмо на Созујот на здруженија на дијабетичари на Македонија
Диме Велев, претседател на СЗДСМ