Неколку дена пред одбележувањето на христијанскиот празник Велигден спорец Грегоријански календар и седица пред почетокот на муслиманскиот свет месец Рамазан, Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во средата препорака за организирање на верските собири во Европа, повикувајќи церемониите да се одржат на отворено во земјите каде што собирите сѐ уште не се дозволени.
„Во земјите каде што вирусот повеќе се шири, треба сериозно да се размисли за виртуалните собири, за одложување или за намалување на големината на тие собири“, напиша одделот на СЗО за Европа во соопштението на темата пролетните верски празници.
Воопштено, „сите верски обреди треба да се одржуваат надвор доколку е можно, или треба да се намалат во обемот и во времетраењето, со почитување на растојанието, проветрување, миење раце и користење маски“, се препорачува од страна на СЗО.
„Сѐ уште е подобро доколку се слави членовите на своето домаќинство“, соопштува СЗО, предупредувајќи дека треба да се избегнува секој контакт доколку се појавата симптоми и карантински мерки.
Кога станува збор за собирите во затворени простори, СЗО потсетува дека се „особено опасни, па и оние помалките“, бидејќи се собираат членовите од различните домаќинства, иако тие собири официјално не се забрануваат.
Во неколку земји од европскиот регион на СЗО кој опфаќа педесетина земји, вклучително и Русија и повеќе земји од централна Азија, „бројот на заразените сериозно расте и во оваа фаза од пандемијата не смееме да ја олабавуваме претпазливоста“, истакнува оваа организација на Обединетите нации.
Христијаните кои се водат по Грегоријанскиот календар во недела, во Великата недела го слават Велигден, а јудаистите Пасха. Мислиманскиот свет месец на постот Рамазан, пак, трае од 13-ти април до 12-ти мај.