Сите држави треба да бидат крајно внимателни при повторното отворање на своите граници кога ќе почне да се намалува пандемијата со новиот коронавирус, изјави извршниот директор на Светска здравствена организација, Мајкл Риан.
Тој додаде дека при отворање на границите треба да се проценат ризиците и да се види кои земји имаат слична контрола над вирусот, како и дали постои доверба во спроведените мерки во другата држава.
– Мислам декапрво треба да се реши таа работа на субрегионално и регионално ниво, а потоа да се овозможат патувањата, но тоа бара внимателно управување со ризиците, посочи Риан.