Според одредени информации реалната бројка на починати и заболени од ебола во Африка, значително може да го смени размерот на епидемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО нагласи дека е подготвена за справување со кризата и доколку таа трае неколку месеци.
Екипите, кои се испратени на местата каде епидемијата е регистирана, велат дека објавените бројки и смртни случаи значително ја намалуваат големината на епидемијата, нагласува организацијата.
Според последните податоци на СЗО, објавени во средата билансот на починатите од ебола изнесува над 1.060, а на заразени 1.975.