СЗО: Добро да се рзмисли пред ублажување на мерките

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге изјави денеска дека ширењето на вирусот Ковид-19 во Европа е многу загрижувачко и ги повика владите многу добро да размислат пред да започнат со ублажување на преземените мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

– Драматичното зголемување на случаите останува многу загрижувачка слика во Европа. Многумина од нас едвај чекаат да го слават Велигден, но ова не е време да го спуштиме гардот. Мораме да се бориме, рече Клуге.

Во однос на коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека СЗО е насочена кон Кина и дека ќе размисли да го укине нејзиното финансирање, Клуге рече дека во период на пандемија „не е време да се укине финансирањето“.