СЗО ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање за Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање како најдобар начин да ја забават пандемијата на вирусот Ковид-19.

– Имаме едноставна порака за сите земји – тест, тест, тест, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

– Без тестирање, случаите не можат да бидат изолирани и синџирот на инфекција нема да биде „разбиен“, додаде тој.