Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ги предупреди држави кои бележат сѐ поголем број заразени со коронавирусот да не доцнат со заострувањето на епидемиолошките мерки.
„Колку мерките порано бидат воведени, толку потенцијално помалку бе бидат потребни“, изјави експертката на СЗО за Covid-19, Марија ван Керков во седиштетот на организацијата во швајцарска Женева.
Го истакна фактот дека делта варијантата на коронавирусот, којашто последниот период циркулира во светот, е многу позаразна од претходните варијанти.
Неколку земји се во тешка ситуација и мора да воведат „многу строги мерки“, изјави директорот на СЗО за здравствени вонредни состојби, Мајк Рајан.
СЗО, вообичаено, не изводи ниедна држава, ниту, пак, ги коментираше потезите на влада на некоја конкретна земја.
Споменатите мерки вклучуваат распространето користење маски, одржување физичка дистанца, обезбедување услови внатрешните простори да бидат добро проветрени, избегнување собири во мали простори и работа од дома кога тоа е возможно.