СЗО ги преименуваше новите соеви на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) одлучи да ги нименува верзиите на коронавирусот SARS-CoV-2 по буквите од грчката азбука, во обид да се поедностави изговорот и да се избегне стигматизација на земјите што го пријавуваат новиот вид, как што се „британски“, „јужноафрикански“, „бразилски“, „индиски“… сој.

Со тоа четирите соеви на коронавирусот, кои агенцијата на Обединетите наци ги смета за загрижувачки и кои во јавноста се општо познати како „британски“, „јужноафрикански“, „бразилски“ и „индиски“, сега добиваат називи како Алфа, Бета, Гама, Делта според редоследот на откривање, пренесува агенциајта Reuters. Другите варијанти продолжуваат натаму по азбучен ред.

СЗО ги објави новите имиња во понеделникот по критиките дека називите  како B.1.351, 501I.V2 и 20H / 501I.V2, биле премногу сложени.

Изборот на грчката азбука следеше по неколкумесечни размислувања во кои експертите разгледуваа други можности, како што се грчки богови и измислени псевдо-класични имиња, според бактериологот Марк Пален, кој беше вклучен во разговорите.

Историски гледано, вирусите честопати биле поврзани со места за кои се претпоставува дека потекнуваат, како што е еболата, именувана по истоимената река Конго. Но, тоа може да биде штетно за местата и честопати неточно, како што беше случајот со таканаречената пандемија „шпански грип“ од 1918 година, чие потекло е непознато, според агенцијата.