Светската здравствена организација (СЗО) денеска го скрати препорачаното времетраење на карантинот за лица изложени на коронавирус.
СЗО соопшти дека оние кои имаат негативен тест сега можат да го прекинат карантинот по седум дена наместо претходно препорачаните 14 денови.
Онаму каде што тестирањето за скратување на карантин не е можно, изолацијата може да се прекине по 10 дена без тестирање доколку контактот не покажува симптоми, наведува СЗО во своите новите привремени упатства.