
Челниците на 23 земји и на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во вторникот ја поддржаа идејата за создавање меѓународен договор со кој би му се помогнало на светот во решавањето на идните здравствени проблеми, како што е актуелната пандемија предизвикана од коронавирусот.
Идејата за ваквиот договор, со кој би се обезбедила универзална и подеднаква можност за набавка на вакцини, лекови и дијагностика за пандемиите, првпат ја поттикна претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на самитот на челниците од земјите од групата Г20 во ноември минатата 2020 година.
Во вторникот и формално оваа идеја ја поддржале и челниците на Фиџи, Португалија, Романија, Велика Британија, Руанда, Кенија, Франција, Германија, Грција, Кореја, Чиле, Костарика, Албанија, Јужноафриканската Република, Тринидат и Тобаго, Холандија, Тунис, Сенегла, Шпанија, Норвешка, Србија, Индонезија, Украина и на СЗО.
„Ќе има други пандемии и други големи здравствени кризи. Ниедна влада или мулиталтерална агенција со тоа не може да се справува самата. Веруваме дека нациите би требало да работат азаедно на нов меѓународен договор за пандемиската подготвенсот и соодветните одговори“, се наведува во заедничката изјава објавена во влијателните светски дневни весници.
Главната цел на овој договор би бил зајакнување на глобалната отпорнсот на идните пандемии преку подобриот систем за алармирање, споделување податоци, истражувања, производство и дистрибуција на вакцините, лековите и опремата за лична заштита.
Во конечниот документ, според предлозите, би било наведено дека здравјето на луѓето, животните и планетата меѓусебно се поврзани и дека тоа би трабало до води кон споделување на одговорноста, транспарентноста и глобалната соработка.
„Убедени сме дека нашата задача, како водачи на нации и меѓународни институции, е да осгураме дека светот го научил урокот од Covdi-19 пандемијата“, се додава во објавата.