СЗО: Коранивирусот веројатно потекнува од животно, не настанал во лабораторија

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во вторникот дека, според сите расположливи докази, коронавирусот потекнал од лилјак во Кина минатата 2019 година, како и дека нема докази за тоа дека е создаден во лабораторија.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица изјави дека Вашингтон се обидува да разјасни дали новиот тип коронавирус настанал во лабораторијата во Вухан, од каде што кон крајот на декември започна пандемијата, и дали по грешка излегол од под контрола.

САД истражуваат дали коронавирусот SARS CoV2 е поврзан со Институтот за вирологија во Вухан, во кој се проучуваат некои од најопасните вируси. Американските експерти наклонени на теоријата за вештачкото потекло на вирусот, сметаат дека тој не бил создаден како биолошко оружје, туку во трката за престиж и надмоќ на кинеската биомедицина во контролата на вирусите.

„Сите достапни докази сугерираат дека вирусот потекнал од животно, како и дека не станува збор за свесно создаден или конструиран вирус во лабораторија или на некое друго место, Веројатно е дека вирусот има животнинско потекло“, изјави за новинарите портпаролката на СЗО, Фадела Чаиб.

Засега не е јасно како вирусот е пренесен на човекот, но е сигурно дека пред пренесувањето на човкот, коронавирусот е пренесен на уште еден животински вид, додаде.

Најчестата шпекулација е дека лилјак се заразил со коронавирус од еден вид цицач кои се продавале на нелегалниот пазара за диви животни во Вухан а кој се користи во традиционалната кинеска медицина.

Кон крајот на јануари во научното списание Journal of Medical Virology беше објавена студија според којашто е откриен изворот на вирусот. Кинеските научниците спровеле детална генетска анализа на новиот вирус и ги споредивале резултатите со достапните генетски информации за другите вируси. Истражувачите заклучиле дека овој корнавирус кој првично беше означен како 2019-nCoV претставува комбинација од коронавирусот откриен кај лилјаците и друг коронавирус со непознато потекло, а до луѓето дошол преку змиите. Во организмите на овие влекачи се случила рекомбинација на вирусниот протенин, по што станало можно тој од змиите да биде пренесен на луѓето.

Резултатите од ова истражување целосно ја потврдуваат првичната претпоставка дека примарниот извор на новиот вирус треба да се бара меѓу производите коишто се продаваат на пазарот на големо во Вухан, кој стана епицентарот на ширењето на болеста. Носители на смртоносниот вирус, според нучниците, се локални видови шарка и кобра, змии кои во дивината често се хранат со лилјаци. Овие видови змии, имено, се продавале на пазарот во Вухан.