![szo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/szo.png?resize=696%2C420&ssl=1)
Над десет милиони лица се заразени со коронавирус минатата недела, а починале над 26.000, соопшти Светската здравствена организација. СЗО наведува дека во минатата недела смртноста од Ковид-19 е опадната за 43%
-По порастот забележан во првата половина од март, бројот на нови Ковид-19 случаи веќе втора недела по ред е во пад, со 16 проценти помалку случаи во неделата од 28 март до 3 април во однос на седмицата пред тоа, се наведува во извештајот на СЗО.
Во овој период вкупно имало 10.351.818 нови инфекции, и 26.285 смртни случаи.
Пад на бројот на нови случаи е забележан во сите шест глобални региони на СЗО, особено во Африка, Европа и Западен Пацифик.