Не е сигурно дека научниците ќе успеат да направат ефикасна вакцина против новиот коронавирус SARS-CoV-2 кој ја предизвика пандемијата од респираторната болест Covid-19 и би можело да измине цела година пред да имаат успех во таквите напори, предупреди во четвртокот првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Обраќајќи им се преку видео-врска на пратениците во Европскот парламент кои се членови на Комисијата за јавно здравје, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека доколку таквата вакцина биде развиена, таа ќе мора да стане јавно добро достапно за сите луѓе.
„Би било многу тешко со сигурност да се каже дека ќе имаме вакцина. Никогаш не сме имале вакцина против коронавирус. Тоа значи дека ова ќе биде првата кога ќе биде направена, се надеваме дека ќе биде развиена“, рече Тедрос.
Рече и дека СЗО веќе има повеќе од 100 кандидати за вакцина од кои една е во поодмината фаза од развојот.
„Со надеж дека ќе има вакцина, процената е дека би можело да ја имаме во рок од околу една година. Доколку се забраза, тоа би можело да потрае и неколку месеци помалку. Тоа го говорат научниците“, изјави Тедрос.