СЗО очекува поединости за влијанието на новиот сој на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ќе свика состанок на своите членки за да се разгледаат стратегиите за борба против новиот позаразен сој на коронавирусот кој се појави во Велика Британија, изјави во вторникот директорот на одделот за Европа на оваа агенција на Обединетите нации, без да го наведе датумот на одржување на состанокот.

„Ограничувањато на патувањата со цел да се сузбие ширењето на вирусот е мудро решение додека не добиеме повеќе инормации. Синџирите за снабдување со продуктии неопходните патувања би требало да се одвиваат и натаму“, објави на Twitter регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, и повика на зајакнување на превентивните мерки.

Организацијата чешто седиште е во Женева објави во понеделникот дека новиот сој на новиот коронавирус откриен во Велика Британија, за кој се покажа дека се шири побрзо отколку претходните варијанти, „не е надвор од контрола“.

Техничката шефица на СЗО за Covid-19, Марија ван Керхов, изјави дека новиот сој на коронавирусот иако е позаразен, не предизвикува потешки форми на болеста, ниту поголем број смртни исходи, повикувајќи се притоа на британските анализи.

СЗО, исто така, објави дека наскоро очекува повеќе поединости за можното влијание на новиот високозаразен сој на коронавирусот, додека низа земји ги затворија границите за патувањата од Велика Британија поради страв од неговото ширење.

Новиот сој ги ја алармираше Британија, е откриен и ја поединци во Австралија, Исланд, Италија и во Холандија, а во Данска се откриени најмалку девет вакви случаи.

Од СЗО истакнуваат дека станува збор за „нормалан етапа во еволуцијата на пандемијата“. Во соопштението објавено во вторникот повторија дека немаат доволно информации за да се утврди дали новиот сој може да влијаа врз ефикасноста на вакцината против коронавирусот, и додадоа дека таквите испитувања се во тек.