СЗО потврди дека лекот „ремдесивир“ не делува врз Ковид-19

Истражувачи за Светската здравствена организација (СЗО) детално ги испитале антивирусните лекови што им се даваат на болните од Ковид-19, надевајќи се дека тие ќе се покажат ефикасни во борбата против заразата, меѓутоа, истражувањето дало сосема спротивни резултати.

Истражувањето било спроведено за да се утврди ефикасноста на четири антивирусни лекови – Ремдесивир, Хидрохлорокин, Лопинавир и Интерферон, како лекови што во моментов се користат за лекување на хоспитализираните пациенти со Ковид-19. Студијата опфатила 11.266 пациенти со Ковид-19 примени во 405 болници во 30 земји. Истражувањето го спровеле истражувачи од Универзитетот во Минесота, а е објавено во медицонското списание „New England Journal of Medicine“, на почетокот на месецот.

Главната цел на истражувачите била да се процени смртноста на пациентите во болниците, но, исто така, и да се испита колку долго пациентите престојуваат во болницата и во кои случаи завршуваат на респиратори. Студијата открива дека ниту еден лек што моментално се користи не е од корист за овие пациенти.

Претходните истражувања, што не беа толку обемни, покажаа дека овие лекови може да имаат некои придобивки за пациентите со Ковид-19, но новото истражување не успеа да ги потврди претходните наводи.

Новите откритија ќе имаат големо влијание врз третманот на пациенти со коронавирус ширум светот. СЗО препорачува кортикостероидите, како што е дексаметазон, да им се даваат на тешки и критични пациенти, орално или интравенски. Лекот, меѓутоа, не се препорачува за лесни случаи.

Други ветувачки третмани вклучуваат моноклонски антитела против САРС-CoV-2, обновувачка плазма и имунолошки модулатори. Овие третмани во моментов се во третата фаза на тестирање.

Моноклонските антитела се лабораториски изработени протеини кои ги имитираат ефектите на антителата произведени во сопствениот имунолошки систем во борбата против болести.

Ревалесцентната терапија вклучува собирање на плазма од луѓе кои веќе се опоравиле од Ковид-19, дадена на пациенти кои се борат со оваа болест.

Имунолошките модулатори се лекови кои ја активираат, ја подобруваат или обновуваат нормалната имунолошка функција. Дексаметазонот е еден таков лек, но има и неколку други.