Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус повика на итно отворање на хуманитарен коридор во Киев за да им се пружи помош на жителите кои останаа во главниот град на Украина.
„Постои итна потреба за воспоставување коридор за да се обезбеди сигурен и континуиран пристап за хуманитарните работници и испорака на залихи за луѓето кои имаат потреба“, рече Гебрејесус на брифинг во Женева.
Директорот на програмата за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан рече дека е „потребен хуманитарен пристап, периоди на примирје за да може да ги преместат пациентите и да транспортираат медицински материјали“.