е очекувајте ги првите вакцини за коронавирусот пред почетокот на 2021 година – прецизираат експертите од Светската здравствена организација (СЗО).
Мајк Рајан, извршниот директор за итни програми на СЗО, на една социјална мрежа објавил дека реално ќе биде во првата половина од наредната година да започне процесот на вакцинација на луѓето.
– Истражувачите напредуваат добро во развојот на вакцините против ковид -19, со мал број на испитувања кои веќе се влезени во следната фаза. Но, нивната прва употреба може да се очекува дури во почетокот на 2021 година – изјави директорот Рајан.