Светската здравствена организација (СЗО – WHO) предупреди во понеделникот на големиот јаз меѓу средствата кои се неопходни за борба против пандемијата на коронавирусот и средствата кои е наменети за таа цел во светот.
Повеќе од 19,92 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, а 729.883 починати, според податоците кои во понеделникот ги сумираше агенцијата Reuters добиени од официјални извори. Болеста е потврдена во повеќе од 210 земји и територии откако првпат беше идентификувана во Кина во декември 2019 година.
„Само за вакцините ќе бидат потребни повеќе од 100 милијарди американски долари“, изјави генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус за новинарите во Женева.
Зборувајќи за меѓународната иницијатива да се овозможи подобар пристап за здравствена грижа, Тедрос рече дека претстојните три седмици се клучни и истакна дека треба да се зголеми финансирањето. Но, како што рече, верува дека има надеж.
Американкиот претседател Доналд Трамп во април го запре финансирњето на СЗО која брои 194 членки и без чии средства организацијата многу потешко ќе функционира, а потоа во писмото од 18-ти мај даде рок од 30 дена СЗО да се обврзе дека ќе се реформира. Најави дека САД ќе ја напуштат СЗО за помалку од две седмици по истекот на овој рок. Меѓутоа, САД може да ја напуштат организацијата во 2021 година, бидејќи според прописите мора една година претходно да известат за таквата намера. САД на СЗО му должеле над 200 милиони долари, според официјалните страници на организацијата. Според Трамп, со околу 450 милиони долари годишно, САД се убедливи најголемиот финансиер на СЗО, и често први споредба со Кина од каде започна пандемијата со коронавирусот, која во организацијата уплаќа 40 милиони долари.
„Никогаш не е предоцна да се направи пресврт во пандемијата. Пораката гласи: да се сузбива, сузбива, сизбива“, порача Тедрос на крајот.