![koronavirus pacient lekari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/koronavirus-pacient-lekari.jpg?resize=696%2C498&ssl=1)
Нивото на преносот на коронавирусот во Европа е „алармантно“, предупреди во четвртокот Светската здравствена организација (СЗО – WHO), која исто така искажа загриженоста за скусувањето на карантинските мерки за што веќе е донесена одлука или е планирано во неколку земји, меѓу кои и во Франција.
„Бројките од септември би требало да бидат ѕвонче за тревога за сите нас ширум Европа, каде што бројктие на новозаразените се поголеми отколку во март и април“, изјави во Копенхаген директоро на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
Оваа здравствена агенција при Обединетите нации, исто така, отфрли да ја скуси својата препорака за 14-дневни карантини за оние кои биле во допир со вирусот.
„Нашта препорака за 14-дневен карантин се заснова на нашите сознанија за периодот на инкубацијата и пренесувањето на болеста, и би ги промениле само врз основа на промена на нашите сознанија од науката, што во моментов не е случај“, истакна Катерина Смалвуд задолжена за итни ситуции во СЗО за Европа.
Во Франција во изолација на седум дена одат лица доколку имале контакт со лице кај коешто е потврдена коронаинфекцијата, а во Велика Британија изолацијата трае десет дена. Но некои европски земји, како што се Ирска, Португалија и Хрватаска, најавија дека разгледуваат скратување на карантинскиот период.
„Земајќи ги предвид поединечните и колективните последици од скратувањето на карантинот, ги повикувам другите држави во регионот да ја следат редовната научна процедура со своите стручњаци и да разгледаат сигурни опции за скратување на карантинот“, истакна Клуге.
Европската зона на СЗО, којашто опфаќа 53 земји вклучително и цела Русија, бележи близу пет милиони официјално пријавени случаи на зараза со новиот коронавирус, и повеќе од 227.000 починати.
Поради продолжувањето на епидемијата, или поради зголемените капацитети за тестирања отколку во март и април, бројот на новозаразените на дневно ниво на континентот изнесува меѓу 40.000 и 50.000, споредено со дневнипот пик од 43.000 на 1-ви април според податоците на СЗО. Новиот апсолутен рекорд беше забележан на 11-ти сепрември со околу 54.000 регистрирани зарази во текот на 24 часа.