СЗО преговара за руската вакцина против коронавирусoт

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во моментов е во преговори со рускиот институт „Гамалеј“ кој ја развива вакцината против новиот коронавирус „СпутникV“, за можноста да биде вклучена во списокот за итна употреба на вакцината.

Со ставањето списокот на итни вакцини, оваа агенција на Обединетите нации вакцината би им ја препорачала за употреба на земјите членки.

„Се радуваме што ќе добиеме податоци за нивната вакцина Спутник V. Ако се утврди дека производот доставен на евалуација ги исполнува критериумите за вклучување во списокот, СЗО ќе ги објави резултатите“, се наведува во писмената изјава за Reuters  од организацијата.

Според резултатите, се покажа дека руската вакцина е 92 проценти ефекасна во заштитата на населението од коронавирусот.