СЗО препорача два нови лекови против Ковид-19

Панелот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска официјално препорача два нови третмани против ковид-19 за одредени случаи.

Сега има вкупно пет лекови на листата на третмани препорачани од СЗО.

Како што е објавено во Британскиот медицински журнал, експертите на СЗО препорачуваат лекување на ковид-19 со синтетички антитела, сотровимаб и лек кој вообичаено се користи против ревматоиден артритис, барицитиниб.

Сотровимаб се препорачува за пациенти со благ облик на ковид, но кои имаат висок ризик од хоспитализација.

Барицитиниб се препорачува за „пациенти со тежок или критичен ковид“, кој мора да се дава во комбинација со кортикостероиди.