СЗО проценува дека коронавирус имале 10 отсто од светската популација

Околу 10 отсто од светското население веќе било заразено со новиот коронавирус SARS-CoV-2, објави во понеделникот Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Мајк Рајан, шефот на одделот на СЗО за кризни ситуации, изјави дека пандемијата забрзува во делови од југоисточна Азаија, а дека бројот на смртните случаи расте во делови Европа и во регионот на источен Медитеран.

„Нашите моментални најдобри процени ни покажуваат дека околу 10 отсто од светската популација веќе биле заразени со овој вирус. Тоа зависи и од државата и од тоа дали станува збор или за село, па и за кој социјална група. Но тоа не значи дека големо мнозинство од населението и натаму е под закана“, предупреди Рајан.

„Се приближуваме на тежок период. Болеста и натаму се шири“, додада фунцкионерот на СЗО.

Светската организација објави и дека избрала експерти за меѓународната мисија во Кина за да го откријат потеклото на вирусот, но дека преостанува нив да ги прифатат кинеските власти.