СЗО против задолжителното вакцинирањето за Covid-19

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во понеделникот дека вакцинирањето против новиот коронавирус SARS-CoV-2 не би требало да биде задолжително, освен во специфични професионални околности.

Доаѓањто на вакцината претставува добра вест, истакна Мајкл Рајан, диретор за итни ситуации во СЗО на прес-конференцијата од седиштето на организацијата во Женева и истакна дека треба подобро да се објаснат предностите на вакцините, наместо воведувањето задолжително вакцинирање.

„Не мислам дека треба да се воведе обврска за вакцинирањето“, додаде Кејт О’Брајан, директорка за имунизација и вакцини во СЗО, наведувајќи дека „искуството покажа дека земјите кога сакаа да воведат задолжителност за некои вакцини, тоа не ги донесе посакуваните ефекти“.

„Мислам дека не треба да размислуваме за тоа државите да одредат вакцинирањето против Covid-19 да биде задолжително“, истакна О’Брајан.

Меѓутоа, може да постојат „одредени ситуации во земјите во кои постојат професионални услови за коишто би било потребно или многу препорачливо вакцинирањето“, додаде О’Брајан и наведе „одредени работни места во болниците“.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, ги повика замјите кои вакцинацијата ја предвидуваат во текот на следните седмици и месеци, првенствено да ги вакцинираат оние за кои тоа е најпотребно, бидејќи во почетокот количествата од вакцините ќе бидат ограничени.

СЗО препорачува во прв ред да се вакцинираат здравствените работници коишто се силно изложени на опасноста од зараза, и најизложените лица кои боледуваат од тешки заболувања или се во поодмината возраст.

Доколку се зголеми количеството достапни вакцини, СЗО натаму препорачува вакцинирање на лицата со поголем ризик од тешки форми на Covid-19, односно оние коишто имаат здравствени проблеми и на маргинализираните групи со поголем ризик, прецизираше челникот на СЗО.

За најбогатите земји во светот да не ги искупуваат сите дози од вакцините кои ќе бидат достапни во ограничени количества, СЗО го покрена механизмот ACT, односно акцелератор кој треба да овозможи праведна распределба на вакцините.

Но за тоа се потребни 4,3 милијарди долари веднаш, неведуваат од СЗО изразувајќи жалење поради недоволните пдобени финанции.

„Засега постои преголем јаз меѓу зборовите и делата, за да би имале резулатите“, заклучи Тедрос.