СЗО: Прв смртен случај во светот од подсој на птичји грип

Кинеска стана првата личност која почина од тип на птичји грип кој е многу редок за луѓето, но сè укажува дека овој вид не се шири меѓу луѓето, објави Светската здравствена организација (СЗО)
Во соопштението се наведува дека 56-годишна жена од провинцијата Гуангдонг во јужна Кина е третата личност за која е познато дека е заразена со подсојот H3N8 на птичјиот грип.
Сите овие случаи се во Кина, а првите два се пријавени лани.
Центарот за контрола и превенција на болести за провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец пријави трето заразено лице.
Според податоците на СЗО, пациентката имала хронични заболувања и била изложена на живина.
Спорадичните случаи на птичји грип кај луѓето се чести во Кина, каде вирусот постојано циркулира во големи јата диви птици.