СЗО: Само на средината од пандемијата на Covid-19 сме

Светот е само на половината од пандемијата на коронавирусната болест Covid-19, порачаа во петокот од Светската здравствена организација (СЗО – WHO) истакнувајќи дека во светот бројот на заразените и заболените повторно расте.

„Пандемијата на коронавиросот ниту одблизу не е завршена… Бездруго средe пандемијата сме“, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.

Ова здравстване агенција на Обединетите нации претходно соопшти дека акутната фаза на пандемијата би можела да заврши оваа година, но ќе зависи од тоа колку брзо ќе бидат исполнети целите да се вакцинираат 70 отсто од населението во секоја земја.

Податоците на СЗО објавени оваа седмица покажуваат глобален раст на бројот на случаите на новозаболените од Covid-19 и овие податоци би можеле да го прикриваат многу поголемиот проблем во моментот кога некои земји тестираат сѐ помал број лица со симптоми кои одговараат на коронавирусната болест, сметаат во светската агенција.

По повеќе од еден месец во кој светот бележеше пад на бројот на случаите на зараза со коронавирусот, минатата седмица повторно почна да расте.

Според СЗО, комбинација од фактори довела до раст на бројот на случаите на Covid-19 меѓу кои се многу заразната омикрон варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 и нејзината подваријатна BA.2 омикрон и укинувањето на делот на епидемиолошките и јавноздравствените мерки во земјите.

„Ова зголемување се случува и покрај намалувањето на бројот на тестираните во некои земји, што значи дека случаите кои сега ги гледаме се само врвот на ледениот брег“, предупреди во вторникот челникот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.

Ниските стапки на вакцинираноста во некои земји, делумно предизвикани од „огромното количество дезинфорамации“, исто така, се дава како објаснување за растот на случаите на Covid-19, соопштија функционери од СЗО.

 

За една седмица скок на коронаинфекциите за 8 отсто

Бројот на новозаразените скокнал за 8 отсто на глобално ниво во однос на претходната седмица, од 11 милиони нови случаи и нешто повеќе од 43.000 нови смртни исходи во периодот од 7-ми до 13-ти март. Тоа е прв раст од крајот на јануари.

Најголем скок е забележан во западнопацифичкиот регион, кој ги вклучува Јужна Кореја и Кина, каде што случаите на зараза пораснале за 25 отсто а смртните исходи за 27 отсто.

Африка, исто така, забележала раст од 12 отсто на новите коронаинфекции и раст на смртните исходи од 14 отсто, а Европа 2 отсто зголемени нови коронаинфекции, но без скок во бројката на смртните исходи.

Другите региони известиле за пад на случаите на зараза, вклучително и регионот на источното Средоземје, иако оваа област забележала раст на смртните исходи од 38 отсто во однос на претходниот бран на пандемијата.

 

Експертите загрижени од растот на Covid-19 во Европа

Многу стручњаци изразија загриженост дека Европа се соочува со уште еден помал бран на коронавирусот, со раст на бројот на заразите од почетокот на март, најмногу во Австрија, Германија, Швајцарија, Холандија и Велика Британија.

Марија Ван Керков од СЗО претходно оваа седмица изјави дека изгледа дека подваријантата ВА.2 на омикрон сојот е најзаразната варијанта досега. Меѓутоа, нема знаци дека предизвикува потешка форма на болеста, ниту докази дека некоја друга нова варијанта на коронавирусот го предизвикува раст на заразите.

Ван Керков предупреди и на залажувачките процени дека пандемијата е завршена или дека варијантата омикрон е безопасна. Рече дека особено повозрасните лица, болните и невакцинираните сѐ уште се во опасност да заболат доколку се заразат. Но алатки за сузбивањето на вирусот постојат, додаде, вклучително и носењето маски, одржувањето на социјалната дистанца и вакцинирањето.

А сликата на ширењето на болеста во Европа не е единствена. Данска, на пример, во првата половина од февруари доживеа кус пик на бројот на коронаинфекциите поттикнат од ВА.2 омикрон подваријантата кој набрзо спласна.

Европската унија оваа седмица реши да обезбеди вакцини за украинските бегалци, имајќи предвид дека стапката на вакцинираност во Украина од 35 отсто е двојно пониска отколку онаа во Унијата. Експертите предупредија дека во тој контекст се можни жаришта на Covid-19, не само поради нивната ниска стапка на вакцинираност, туку и поради метежите во текот на збеговите од земјата.

Европските функционери истакнаа дека во овој момент нема планови за задолжително вакцинирање на бегалците, но кампањата за подигнување на свеста за неговата важност се разгледува.

Стручњаците почнаа да предупредуваат и дека САД наскоро би можеле да се соочат со бран сличен на овој во Европа, потенцијално поттикнат од ВА.2 омикрон подваријантата, со укинувањето на ограничувањата и потенцијалното слабеење на имунитетот од вакцините примени пред неколку месеци.

„Се согласувам со ублажувањето на ограничувањата, бидејќи по две години од пандемијата тоа не може повеќе да се смета за итно. Мораме да ги избегнеме размислувањата дека Covid-19 повеќе нема. И затоа да се задржат само неопходните мерки, а тоа се континуираното набљудување и следење на случаите, како и задржување на обврската за носење маска на затворено или на многу фрекфентните места“, вели за Reuters Антонела Виола, професорка по имунилогија на италијанскиот Универзитет Падова.

 

СЗО против прераното укинување на мерките

Светската здравствена организација предупреди седмицава и против прераното укинување на заштитните мерки против коронаворусот, имајќи го предвид растот на случајот на заразите во светот. Тие мерки вклучуваат носење маски и одржување на социјалната дистанца.

„Нивното укинувања би овозможело вирусот побрзо да циркулира“, вели Марија Ван Керков. Предупредува дека и намалувањето на бројот на тестираните ширум светот го отежнува следењето на ширењето на варијантите на коронавирусот.