
Секоја седмица се регистрираат приближно два милиона нови случаи со новиот коранавирусот во светот, предупреди во петокот на брифингот за медиумите во Женева челникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Адан Гебрејезус.
„Околу два милиони случаи се додаваат секоја седмица. Како што ви е познато, оваа седмица свеетот ја надмината трагичната граница од милион смртни случаи“, изјави Тедрост.
„Ова е критичниот момент во реакцијата на епидемијата (предизвикана од коронавирусот) на заболувањето Covid-19“, рече генералниот директор на светската организација, повикувајќи ги челниците на државите да ја засилат борбата против инфекцијата со преземање „насочени мерки за сузбивање на ширњето“ на коронавирусот.
Според Тедрос, „најкусиот пат“ за надминување на пандимијата е заедничка акција на земјите. Тој со задоволство исктанка дека 168 земји веќе се приклучиле на меѓународниот механизам „COVAX“, чијашто цел е е да се обезбеди еднаков пристап до потенцијалнтие вакцини против коронавирусот.
„Другите 25 земји ни рекоа дека наскоро ќе го сторат истото. Ова е важен сигнал за солидарноста во светот, кој го обединуваме за да ја победиме пандемијата за целото човештво“, заклучи Тедрос.