СЗО со препорака да се укинат рестриктивните мерки за патувања – Не дале резултат

Забраните за патување, за летови, ограничувањата на границите и аеродромите досега не дале видлив резултат во борбата со новиот омикрон-сој на коронавирусот, сметаат од Светската здравствена организација и затоа препорачуваат укинување на овие мерки кои, меѓу другото, го попречуваат економскиот развој на земјите, јавува Мондо.

Конкретно, СЗО вели треба да се размислува за укинување на доказите за вакцинација како услов за патување, поради тоа што не сите земји имаат еднаков пристап до вакцините. Откако омикрон-сојот изби во Јужна Африка, многу земји ги забранија летовите од оваа држава, а потоа и од други држави каде сојот се ширеше. СЗО предлага овие земји да ги реобмислат мерките како карантин или тестирање и да ги приспособат за време „кога тоа е соодветно“.

Организацијата соопшти и дека бројот на случаи на коронавирус ширум светот се зголемил за 20 отсто минатата недела, што значи дека светот брои повеќе од 18 милиони заразени. Цифрата се зголемила во сите места во светот, освен во Африка, каде што бројот на заразени падна за речиси една третина, според СЗО. Бројот на смртни случаи на глобално ниво останал ист.