
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во потегот без преседан собира докази за можна истрага за наводни воени злосторства сторени со нападите на руски сили врз здравствени установи, објавија нејзините челници во саботата во Киев.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аденон Гбрејесус и директорот за вонредни состојб Мајк Рајан одржаа прес-конференција во Киев каде што пристигнале во ненајавена посета и откриле дека СЗО веќе документирал наводни 200 напади врз болници и клиники во Украина.
„Намерни напади врз здравствени установи се кршење на химанитарното прав и како такви, доколку тоа истрагата го потврди, тие се воени злосорства“, изјавил Рајан.
Шефот на одделот на СЗО чиј домен се епидемиите и пандемиите, не прецизираше дека, исто така, поставувањето борбени позиции во или во близина на здравствени установи што ги прави легитимни воени цели претставува кршење на правилата на војувањето и воено злосторство.
„Продолжуваме да собираме документи и сведоштва за тие напади… и веруваме дека систекот на Обединетите нации и на Меѓународниот кривилен суд и другите ќе ги преземат потребните истраги за да проценат дали постоела злосторничка намера зад тие напади“, рече Рајан според кого СЗО документирал 200 напади, но „имало повеќе“.
Русија ги отфрла сите претходни обвиненија на Украина и западните земји за наводни можни воени злосторства и негира дека гаѓа цивилни цели. Покрај тоа, Москва повеќепати ја предупреди светската јавност дека украинските воени и паравоени формации, како и странските платенички, намерно гаѓаат цивилни објекти за да ги обвинат руските сили, и особено дека цивилното население го држат во заложништво како „жив ѕид“, како и дека своите борбени и огнени позиции ги сместуват во или во близина на болници, детски градинки, училишта и друга чувствителна инфраструктура.
Во очигледната подготовка на ваквата кампања и посетата на Тедрос и Рајан на Киев, украинскиот претседател Владимир Зеленски во четвртокот тврдепе дека руските војници наводно уништиле или оштетиле речиси 400 здравствени институции од 24-ти февраури.
Тедрос на украинскиот народ од прес-конференцијата во Киев му порача „СЗО е со вас… Продолжуваме да ја повикуваме Руската Федерација да ја прекине оваа војна“.
Државите членки на СЗО во вторник ќе разгледуваат иницијатива против Русија за која влијателните западни земји инсистираат да го опфати затоварењето големата регионална канцеларија во Москва, според документот во кој агенцијата Reuters имала увид.
СЗО во текот на пандемијата на коронавирусот одолговлекуваше со процесот на издавање дозвола за употреба на руската вакцина „Спутник V“, иако таа беше првиот препарат од тој тип во светот кој се потребуваше против коронавирусната болест Covid-19, како во Русија такао и во шеесеттина земји во светот на сите континенти.
Кон средината на март годинава СЗО соопшти дека поради војната меѓу Русија и Украина, процесот на евалуација на руската вакцина „Спутник V“ е пролонгиран. Експертскиот советник Марианџела Симао изјави тогаш дека експертскиот тим на СЗО требало да отпатува во Русија на 7-ми март поради процесот на евалуација и несење одлука за одобрување на употребата на вакцината во итни случаи, но дека процесот е пролонгиран поради моменталната состојба во регионот.