СЗО, СТО и ММФ: Нееднаквата распределба на вакцините поттикна појава на нови соеви на Ковид-19

Светските лидери мораат да преземат нова обврска да работат на поправедна поделба на вакцините против Ковид-19 на целата планета со цел да се борат против пандемијата и да го спречат бавното економско закрепнување, повикаа четирите големи меѓународни организации.

Лидерите на Светската здравствена организација (СЗО), Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка го повикаа Г7, пред самитот во Велика Британија во јуни, да ја финансира пандемијата со програма од 50 милијарди долари која беше подготвена од ММФ и веќе беше изложена на самитот за здравство што се одржа во Рим, пренесуваат светските агенции.

-Таквата финансиска инјекција ќе овозможи значително зголемување на производството на дијагностичка опрема, лекови, кислород, медицинска опрема и вакцини за поправедна дистрибуција, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус.

Оваа сума ќе овозможи да се генерираат 9000 милијарди долари за светската економија до 2025 година, рекоа четворицата лидери на прес-конференција.

-Забрзајте го синџирот на снабдување, порачаа тие.