Татјана Камерон, кај нас попозната како Тајчи, денес има 51 година и има доволно искуство за отворено да зборува за својата болка.
Во тие години Југославија лудеуваше по неа. Тајчи имаше само 21 година и на прв поглед сѐ што ѝ треба на една млада жена. Но… Животот ѝ е далеку од она како што другите го гледаат…
„Се занимавам со музика од четири години, тоа не беше успех преку ноќ, тоа за мене беше нуспојава. На 17 години со песната „Ноќ од кристали“ победив на Загрепскиот фестивал, бев насекаде, што беше логично продолжение на мојот вложен труд, а мојата цел беше да се занимавам со музика и преку неа да создадам нешто убаво, на луѓето да им го разубавам денот. Како 19-годишна, не бев подготвена за толку слава, но тоа чувство… Тоа не беше регуларна слава, во тоа време немав алатки ниту ментална поддршка, ниту некој кој би ми помогнал околу тоа“, објаснува Тајчи, додавајќи „не ми е жал што заминав, сите коцки се подредија“.
„Имав многу тешки работи низ кои поминав, пред таа слава“, рекла Тајчи. Во тоа време нејзин менаџер бил Зринко Тутиќ, кој се обидувал да ја одврати од таа одлука.
„Тоа ми беше тешко, заминав затоа што не знаев на кој начин да функционирам, мојата неспособност да бидам емоционално, ментално и духовно здрава“, додавајќи дека во тоа време не се зборувало за булимија, вознемиреност, депресија, туку луѓето ѝ велеле „мрзлива си“, „неблагодарна“…
„Како општество, не бевме доволно свесни за менталните проблеми. Во еден момент, посакав сето тоа да престане. Имав сериозни самоубиствени мисли или ќе си го спасам животот или ќе се втурнам во дрогата. Татко ми и мајка ми ми даваа сигурност дека можам да се вратам и тоа ми даде слобода и храброст да се снајдам во Њујорк“, додавајќи дека тоа ѝ помогнало да го изгуби егото, а да стекне самодоверба.
По пет години во Њујорк, таа се преселила во Лос Анџелес за да игра во претстава, каде што го запознала сега починатиот сопруг Метју, кој тогаш бил филмски продуцент со кого беше во брак 17 години и заедно имаат три сина.
„Беше тешко затоа што и татко ми имаше рак на мозокот, кога татко ми беше болен, Метју беше покрај мене, еден месец пред мојот сопруг да почине, имав еден момент кога се откажав од тој страв, еден месец пред мојот сопруг да почине ја имав таа смиреност. Метју се разболе“, рекла Тајчи, додавајќи дека животот продолжува, иако не сме со нашите сакани.
Депресијата ја мачи од нејзината 17 -та година, а зборувајќи за депресијата, водителката ја прашала дали во текот на лекувањето на депресијата зборувала за нејзиното искуство со силувањето.
Да, мојата депресија… Почнав да ја лекувам дури откако се манифестираше во мошне бурна несреќа“, рекла Тајчи и продолжила:
„Откако татко ми почина, почнав да ја лекувам депресијата во 2007 година, но ми требаа неколку години терапија за да дознаам што ми се случи, бидејќи тоа е толку табу и ние жените не сакаме да зборуваме за тоа, не сакаме да признаеме дека тоа ни се случило. Ние дури и не знаеме дали ни се случило нам или сме го барале тоа или дали тоа било нормално“, рекла Татјана.
„Една жена, дојде кај мене и ме фати за раце, се прилепи до мене и ми шепна: „Ме силуваа на 17 години. Никогаш не кажав никому. Вие сте првата личност““, рекла Тајчи, додавајќи дека тогаш знаела дека сака да зборува за тоа, во случај да има некој на возраст од 17, 27 години, кој нема сила да зборува за тоа“.
ФОТО: Инстаграм/Јутјуб