Таџикистан нема пријавено заразени со коронавирусот, но ги затвора училиштата

Таџикистанските власти ги затворија училиштата на две седмици и ги откажаа спортстките натпревари, откако во саботата таков указ испрати претседателот Имомали Рахмон.

Указот е неочкуван, бидејќи Таџикистан досега не извести за ниеден случај на зараза од новиот тип коронавирус. Стручњаците во светот, меѓутоа, се сомневаат дека во земјата има случаи на заболување со Covid-19, а меѓународната невладина организација за човекови права Human Rights Watch неодамна го осуди невоведувањето на заштитните мерки.

Најновата одлука властите во главниот град Душанбе ја објаснуваат со ситуациите во соседните земји од регионот. Така, од 27-ми април до 10-ти мај на сила ќе биде карантин за образовните институции со кои опфатени детски градинки, основни и средни училишта. Тоа подразбира привремено затворање на 4.686 претшколски и школски установи со 2.245.661 деца и адолесценти и 143.045 наставници.

Во Таџикистан до неодамна, покрај Белорусија, Никарагва и Бурунди, луѓето можеа да одат масовно на фудбалските натпревари. Сега, покрај двонеделното откажување на спортските настани, ќе бидат затворени и театрите и кината.

Од последните седмици на март земјата веќе ги затвори границите со соседите кои пријавија случаи на коронавирусот. Неколку илјади државјани кои се враќаат од странство ќе мора како превентирна мерка да останат во карантин.

Таџикистанските власти од претходно преземаат мерки за да не дозволат зараза меѓу своите малку над девет милиони жители. Така во главниот град Душанбе се вршат дезинфекции на булеварите, улиците, постојките за јавниот сообраќај, клупите во парковите и повеќатните станбени објекти сѐ додека не се подобри санитарно-епидемиолошката ситуација во регионот и светот.