Тајландска партија пред изборите ветува легализација на сексуалните играчки

Конзервативна тајландска политичка партија настојува да ги придобие гласачите пред изборите кои ќе се одржат во мај со ветувањето за легализација на сексуалните играчки, укажувајќи на фискални и неверојатни други погодности.

И покрај репутацијата на една од сексуално најслободните земји во југоисточна Азија, Тајланд со будистичо мнозинско население сѐ уште е конзервативен, а вибраторите, дилдата и другите слични сексуални помагала се незаконити.

Демократската партија е една од највлијателните во тајландската политика од 1940-те години, но на изборите во 2019 година доживеа неуспех, а неодамна спроведените анкети покажаа дека рејтингот значително ѝ се намалил. Изборите ќе се одржат на 14-ти мај.

„Сексуалните играчки се корисни бидејќи може да резултираат со намалување на проституцијата, како и со помал број разводи поради неусогласеност на сексуалното либидо и злосторствата коишто се поврзуваат со сексот“, соопшти претставничката на партијата Ратчада Танадирек и додаде и дека владата ја испушта можноста да собира данок на легалниот увоз на еротските стимулатори.

И додека во некои делови на Тајланд сексуалните играчки се сметаат за „неморални“, многумина и натаму илегално ги увезуваат во кралството од странство, се наведува во објавата на Демократската партија.

Инаку, оние коишто ќе бидат осудени поради продажба на сексуални помагала се соочени со издржување затворска казна во траење и до три години или со парична глоба од 1.800 американски долари, иако таквите предмети се достапни во слободна продажба на улични штандови во некои квартови на главниот град Бангкок.

Ратчада посочи и дека во моментов не постои контрола на квалитетот на увезените сексуални играчки, кои често се несигурни или опасни за употреба. Нејзината партија во предизборната кампања истакнува дека го поддржува легализирањето на таквите предмети за лица повозрасни од 18 години.

Демократската партија е најстарата тајландска партија која во минатото имаше четворица премиери. Последниот Абхисита Ваџјаџива владата на водеше од 2008 до 2011 година.

Меѓутоа, популарноста на партијата панда на контроверзните избори во 2019 година, кога за премиер беше именуван водачот на државниот удар Прајат Чан-о-Ча. Актуелните анкети покажуваат дека Демократската партија има значително помало од 10 отсто поддршка од населението.

Партијата минатата година беше вмешана во сексуален скандал. Тогаш 14 жени поднеле службени жалби против поранешен заменик на шефот на партијата, Прина Панитчпакади. Тој ги негира обвинувањата кои сѐ уште се на суд.