Во необележана градба, сместена меѓу куќите во една населба во Дубаи, по повеќе децении во целосно функционална синагога, се изведуваат молитви.
– Постепено си го најдовме своето место во општеството на Обединетите Арапски Емирати, изјави претседателот на неформалната еврејска заедница во таа земја, Рос Крил.
Иако нејзините членови ја кријат точната местоположба, самото одржување на таа импровизирана синагога и премолчаното одобрување од властите, покажува дека се случува преродба на еврејската заедница во оваа претежно муслиманска земја и воопшто – во Персискиот Залив.
Властите во Обединетите Арапски Емирати, исто така, поттикнуваат и организираат меѓуверски средби. Тие ветуваат и изградба на мултирелигиозен комплекс, во кој ќе има и синагога.
Во меѓувреме, според познавачите, односите меѓу заливските држави и Израел сѐ повеќе се затоплуваат поради заедничкото непријателство со Иран. Сепак, се чини дека палестинското прашање и натаму претставува проблем.