Американските тајни служби сè уште ја шпионираат германската влада ,иако американската администрација најави ставање крај на шпионските активности по скандалот со прислушувањето во 2013 година, објавија во четвртокот германските медиуми.
„Дури и по скандалот со шпионирањето на германските политичари во 2013 година, американските тајни служби шпионираат германски владини тела“, известуваат јавниот сервис ARD и неделниот весник Die Zeit, повикувајќи се на тајните документи кои неодамна се појавија во јавноста, во екто на аферата наречена во медиуите „Пентагон-Ликс“.
Германските медиуми дошле до документи од кои евидентно е дека американските тајни служби го шпионирале германското Министерство за одбрана. Поточно, станува збор за односите меѓу Германија и Кина на полето на воената соработка и извештајот од средбата во февруари годинава.
Како што укажуваат германските медиуми, не е спорна содржината на материјалот во кој германското Министерство за одбрана оценува дека не треба да соработува со Кина, туку фактот дека документот покажува дека американските власти дошле до него откако ѝ ветија на германската влада во 2013 година да престане да ја шпионира германскиор државен врв.
Тогаш беше откриено дека американските тајни служби редовно, делумно од преслушната станица сместена во зградата на американската амбасада во центарот на Берлин, ги прислушувале мобилните телефони на германските политичари, меѓу другите и пречиси цела деценија на тогашната канцеларка Ангела Меркел, која била следена уште додека била опозиционерски финкционер кај демохристијаните.
Според медиумите, документот кој сега е објавен во јавноста во екот на аферата „Пентагон-Ликс“ е добиен со упад во ИТ системот на германското министерство.
Претставниците на германската влада во првата реакција на наводите на медиумите изјавија дека случајот прво мора да се расчисти со нивните американски колеги.
Како што наведува Die Zeit, германската влада е свесна за зависноста од информациите на американските тајни служби, особено во екот на војната во Украина и се труди да не ги расипе односите со Вашингтон.