НБА лигата официјално објави дека овосезонскиот добитник на наградата за кошаркар со најголем напредок во тековната сезона е 23-годишниот Тајрис Макси, член на Филаделфија 76-ерс.
Двајца играчи рамноправно конкурираа за наградата, Макси собра вкупно 319 поени, а многу блиску до него беше Коби Вајт од Чикаго Булс со 305 поени. На третото место со 92 бода заврши турскиот кошаркар Алперен Сенгун, член на Хјустон Рокетс.
Оваа сезона Макси постигнуваше во просек по 25,9 поени по натпревар, а имаше и 3,7 скока и 6,2 асистенции по натпревар. За илустрација, минатата сезона имаше 20,3 поени, 2,9 скока и 3,5 асистенции по обид.
Во 2020 година, Макси беше избран од Филаделфија како 21-ви пик на драфтот, а оваа сезона Макси првпат во кариерата играше на Ол-стар натпреварот. Во моментов со Филаделфија, Макси игра во првото коло од плеј-офот на Истокот, а неговиот тим има негатива од 0:2 против Њујорк Никс по воведните два натпревара.